Американската атлетска комисија на Невада е подготвена да му издаде бокс лиценца на Конор Мек Грегор, за да може да се сретне со Флојд Мејведер во Лас Вегас.
Конор веќе доби дозвола за Калифорнија, но не е тајна дека Мејведер во принцип боксира во Вегас. Деновиве се зборуваше дека двајцата речиси се договориле за меѓусебниот меч, ова колку и да изгледаше нераелано до пред неколку месеци.
Сосема е јасно дека судирот меѓу Конор и Флојд ќе генерира астрономски приходи, вклучувајќи го и градот, кој ќе биде домаќини на мечот. Знаејќи го тоа, Атлетската комисија на Невада е подготвена да му издаде лиценца на Мек Грегор, потврди нејзиниот извршен директор Боб Бенет.
„Дали Комисијата на Невада би помислила на бокс дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор? Секако дека би го направиле. И, дефинитивно би сакале мечот да се одржи во главниот град во светот на борбите. Која комисија не би сакала двајцата најголеми борци на планетата да се борат во нејзината држава“? , изјави Бенет.
Но пред да ја добие лиценцата во Вегас, Мек Грегор ќе треба конечно да си ја плати казната поради инциденот со Нејт Дијаз минатата година.