Комеморацијата за легендата Живко Дуковски со многу емоции (ФОТО)

По повод смртта на легендата на македонскиот бокс Живко Дуковски (84г.)  во „Борис Трајковски“ во прес салата се одржи комеморација во организација на Боксерската федерација на Македонија.

На комеморацијата присуствуваа челновите на семејството, челниците на Федрацијата, тренери, боксери, пријатели.

Сите евоцираа спомени за соработката со Дуковски, но и за тоа како го покренал „Златниот гонг“ кој своевремно беше еден од посилните турнири во регионот, па и во Европа.

Емотивно обраќање имаше претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски, чија кариера беше многу поврзана со Дуковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON