На 16 декември, Колби Ковингтон ќе влезе во кафезот на главниот настан на УФЦ 296 во Лас Вегас. Во прашање ќе биде титулата во полусредна категорија која моментално ја поседува Англичанецот Леон Едвардс. Ковингтон во Едвардс гледа едноставно пречка што ќе биде отстранета од патот до супер борбата со Ислам Махачев.
Колби сега има петнаесет борби во УФЦ. Двапати се бореше за титулата, но беше поразен од Камару Усман. На крајот и Усман го најде својот кошмар во лицето на Едвардс, кој двапати го претепа. Сега „Кардио мапината“, како што го нарекуваат Американецот, верува дека е дојдено време за неговото владеење во дивизијата.
Колби предвиде победа над Едвардс, па борба со Дагестанецот што ќе биде како Роки против Драго.
„На УФЦ 296 ќе се борам со Леон „Раце ножици“ Едвардс, за кој сите мислат дека е непобедлив. Со нетрпение очекувам да го победам и да го испратам во Хогвортс со празни раце. Првиот човек против кој ќе се спротивставам после Едвардс е дефинитивно Ислам Махачев.
Оваа борба едноставно мора да се одржи затоа што е САД против Русија. Тоа е приказна како Роки, кога Роки и Драго излегуваат еден против друг. Сите велат дека Махачев е шампион, но вистинскиот шампион ќе го видат кога ќе влезам во кафезот“, изјави Американецот.
View this post on Instagram