Коди Гарбрант исфрлен од авион заради маска (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во петел категорија на УФЦ, Коди Гарбрант, е исфрлен од авион на „Саутвест ерлајнс“. 29-годишниот Американец се пожалил дека бил симнат од авионот затоа што неговиот двогодишен син не носел маска, како што налагаат мерките за заштита од Ковид-19.

Проблемот на Коди настанал кога друг патник го покренал прашањето за маската на неговиот син. Коди почнува да се слика со телефонот, а храбриот патник се крие во тоалетот. Коди има учинок од 12-3 во ММА и последен пат го видовме во кафезот во јуни 2020 година.

Потоа им се врати на победите со голем нокаут над Рафаел Асунсао. Пред неколку недели, Коди го предизвика Жозе Алдо, но немаше развој на оваа тема. Еве го видеото што Гарбрант го сподели на социјалните мрежи од авионот:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON