Коби Брајант и Дана Вајт најавија големо партнерство (ВИДЕО)

Веќе објавивме дека познатиот НБА кошаркар Коби Брајант стана еден од најголемите спонзори на УФЦ. Поконкретно, станува збор за неговата компанија Бадиармор која произведува енергетски пијалоци.

На вчерашната голема конференција во Њујорк по повод УФЦ 217, двата „бренда“ за прв пат работеа заедно. УФЦ, всушност, објави партнерство и притоа ги претстави спортистите кои ќе бидат заштитни лица на ова партнерство кое треба да трае неколку години.

Тоа се Коди Гарбрант, Ситија Калвило, Френсис Нагану и Мишел Ватерсон. Од друга страна, Бадиармор на јавноста ја откри својата нова линија на продукти (пијалоци) наречена „Нокаут панч“, кои се дизајнирани и осмислени токму за боречките спортови.

На претстваувањето се појави и Коби Брајант, како и неговиот партнер Мајк Репол. УФЦ го претставуваше претседателот Дана Вајт.

Како беше погледнете го видеото:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО