Владимир Кличко се уште не знае кој ќе му биде следниот му противник, но навивачите на форумите пишуваат дека е време кловнот Шенон Бригс даси ја добие лекцијата. Дали светскиот шампион е подготвен да се согласи на таков меч, одговара тој самиот во интервју за „Советски спорт“ .
„Некое време ќе се посветам на личниот живот – раѓањето на моето прво дете, тоа за мене е многу сериозна работа. Мислам, дека сепак, меѓу март и мај би требало повторно да се качам во рингот. Во оваа фаза ги исклучувам варијантите наредни ривали да ми бидат Дерек Чисора и Тајсон Фјури. Го исклучувам уште и Донта Вајлдер од објективни причини, тие се уште не боксирале меѓу себе. Во игра се Џенингс, како и Поветкин, кој постигна две импресивни победи. Сепак, треба да ги прашаме и навивачите против кого сакаат да ме видат“, изјави Кличко пред средбата.
Репликата на новинарот е: „Веројатно ќе речат Шенон Бригс? „Сериозно ли?
„Знаете ли, Бригс рече нешто необично. Колку полошо толку подобро. Зошто Пулев дојде до натпревар со Кличко, иако Бугаринот има само по еден натпревар во годината и се бори со противници кои имаат по 21 победа и 23 порази. Зошто е полош Бригс, кој има седум натпревари во годината и сите ги победи со нокаут. Се согласувам, Бригс е во право. Дали ќе има борба со него? Не можам да одговорам со цврсто „да“. Но, тој е еден од десетте најдобро во рангирани, а неодамна го прослави својот педесетти нокаут. Значи, е во листата со можните кандидати“, одговори Кличко.