Климент Грозданоски поразен со поделена судиска одлука на Светското првенство

Климент Грозданоски е совладан со поделена судиска одлука 2-1 од Жосуе Ортега од Венецуела на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија.

„Климент ја изгуби борбата затоа што му земаа два бода поради отворено кроше кое го пласира при негово водство“, велат од нашиот табор.

Македонија засега има сигурен бронзен медал на Бобан Илиоски со победата над Алберт Угринчиќ од Босна и Херцеговина од 3-0 се пласира во полуфиналето на СП каде што ќе се сретне со Елјан Алкишијев од Азербејџан.

Како што изјави селекторот Дејан Митровски-Урко целта е да се освои златен медал.

На ова првенство учествуваат 1429 натпреварувачи од 77 држави.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) ½ финале

-55 кг кик лајт
Андреа Костовска – Фани Лаура Ковач (Унгарија) 0-3 1/8 финале

-89 кг кик лајт
Климент Грозданоски – Жосуе Ортега (Венецуела) 1-2 ¼ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО