Владиимр Кличко изјави дека Тајсон Фјури намерно го одложил реваншот меѓу нив за светските титули во тешка категорија.
Мечот требаше да се одржи на 9 јули. Непосредно пред датумот Англичанецот објави дека се повредил, а покажа и отечениот глужд. Тоа не го спречи да го посети Европското првенство во фудбал и да се чести со навивачите на Англија.
„Можеби има некоја друга причина за одложувањето? Или, можеби целта е да ме извади од такт“, напиша на социјалните мрежи Украинецот.
Владимир Кличко истакна дека уште не е постигнат конечен договор за датумот за реваншот. Според првичните информации тоа ќе биде на 29 октомври.
„Се уште работиме на датумот на средбата“, додаде Кличко.