Кличко уште е без одлука за реваншот со Џошуа

Владимир Кличко уште не одлучил дали ќе направи реванш меч со Ентони Џошуа. Ова го соопшти промоторот Том Лофлер кој ја управува компанијата на браќата на територијата на САД.

„Јас сакам да го видам овој меч, но Владимир уште не одлучил. Во првата средба тој боксираше на највисоко ниво по подолго време. Мислам дека може да победи во реваншот, но решението не го носам јас“, изјави Лофлер.

Џошуа го нокаутира Владимир Кличко на 30 април. Оттогаш поминаа два и пол месеци, но се уште нема категоричен одговор од страна на Украинецот. Сепак, промоторот на Џошуа Еди Херн не престана да бара варијанти за спроведување на реваншот.

https://youtu.be/2HNcbq5d3DA

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON