Веќе поранешниот светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко упати емоционално порака преку социјалните мрежи до актуелниот носител на појасите во две од четирите верзии во професионалниот бокс – Ентони Џошуа.
„Срцето ми е мирно, ја предавам штафетата на Ентони Џошуа – новата генерација. Со среќа, брате, горд сум на тебе“, напишал Кличко на „Твитер“ на позадината на негова слика со Британецот!
https://twitter.com/MatchroomBoxing/status/893038839803113473
Како што е познато, Кличко одлучи да ја прекине кариерата и да не ја искористи можноста за реванш против Џошуа, па така последниот меч останува големиот дуел на Вембли, кога токму Британецот го победи со технички нокаут и ги освои светските титули.