Кличко: Со украински животи ги браниме европските вредности

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, ја повика Европа да донира оружје. Русија и Украина се во војна веќе два месеци. Владимир и неговиот брат Витали беа најактивни во војната по претседателот Влaдимир Зеленски.

Браќата Кличко не престануваат да објавуваат фотографии и видеа од фронтот. Владимир е милионер и можел да избега од војната, но реши да застане покрај својот брат, кој е градоначалник на Киев.

Владимир во последно време не престанува да биде активен на социјалните мрежи и да коментира што се случува. На социјалните мрежи Кличко рече дека Украинците ги даваат своите животи за да ги бранат европските вредности.

„Ние ги браниме европските вредности со украински животи. Помогнете ни да ги одбраниме овие вредности давајќи ни оружје од Европа. Путин постојано фрла бомби, дури и на празници.

Украина е распарчена од бомби, но повторно ќе се роди.

Како преживуваат Украинците? Немаме друг избор освен да се соочиме со војната. Се фокусираме на нашата незапирлива волја за слобода.

Покажуваме совршена координација и издржливост“, напиша Кличко на социјалните мрежи.

Браќата Кличко важат за најдобрите боксери на своето време, а периодот од 2004 до 2015 година во боксот е познат како „Ера на Кличко“.

Интересен податок е дека вкупното богатство на браќата Кличко е околу 200 милиони долари. А на претседателот Зеленски е над 600 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО