Кличко се уште не се одлучил за реваншот со Џошуа

Владимир Кличко уште размислува за евентуалниот реванш со Ентони Џошуа, откри промоторот Том Лофлер. Од одлуката на Кличко зависи и кога ќе се случи мечот меѓу Џошуа и Кубрат Пулев, а од ИБФ дадоа рок до почетокот на декември Украинецот и Британецот да го завршат реваншот.

„Владимир не донел одлука. Тој е на мислење дека нема посоодветен момент да ја заврши кариерата. Последниот меч му беше едноставно ремек дело. Шансите за реванш се 50-50. Навистина е растргнат и не е сигурен што точно сака. Ќе го поддржиме секоја негова одлука. Секако, желбата на навивачите е да гледаат уште еден меч меѓу него и Џошуа“, прокоментира Лофлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON