Головкин очекува тешка битка со Канело

Генади Головкин изјави дека е „сто проценти подготвен“ за најтешката борба до моментов во неговата кариера против Канело Алварез во септември.

Двајцата најдобри боксери во средна категорија се состанаа во Лондон во понеделникот за почетокот на нивната промотивна тура, за да ја промовираат борбата, која е закажана за 16 септември.

Головкин пристапи со почит кон Алварез, велејќи дека очекува голем отпор од него кога ќе ги брани титулите на ИБФ, ВБЦ и ВБА „супер“ во Лас Вегас.

„Ова е најголемиот предизвик, најголемата битка во мојата кариера. Многу сум возбуден“, изјави непоразениот Казахстанец.

„Ова е огромна борба за нас, не само за нас, за сите. Во моментов имаме огромна поддршка, луѓето знаат дека тоа е огромна битка“.

„Верувам дека тој е подготвен на сто проценти, ветувам дека и јас сум подготвен сто отсто. Ова е огромна, драматична борба, бидејќи е одличен борец, а јас сум шампионот. Тоа е подарок за луѓето“, заврши Головкин.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО