Кличко се подготвува во Флорида на плажа (ВИДЕО)

Klicko na florida

Светскиот шампион во супертешка категорија на IBF, WBA, WBO и IBO, Владимир Кличко, за своите љубители направи демонстрација како тренира на плажа во Флорида, каде што се одржа првата фаза од неговата подготовка за мечот со Тајсон Фјури.

Украинецот ќе ги брани појасите против Фјури на 28 ноември во Дизелдорф (Германија). Како што е познато, двајцата требаше да се борат на 24 октомври, но натпреварот беше одложен поради повреда на тетива на Кличко, добиена на еден од тренинзите.

Тајсон Фјури е сопственик на титулата интерконтинентален шампион на Светската боксерска организација (WBO) и е официјален кандидат за титулата светски шампион на WBO.

27-годишниот Тајсон Фјури има на професионалниот ринг има 24 меча и 24 победи, од кои 16 со нокаут. Владимир Кличко по победата над Американецот Брајант Џенингс го израмни рекордот на познатиот Американец Џо Луис, кој има 27 натпревари за светската титула. Владимир Кличко (39 г.) има на професионалниот ринг 64 победи, од кои 53 со нокаут, и 3 порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО