Фјури стави облог од 200 илјади фунти на себе!

Fjuri pobednicki so racete

Британскиот боксер во супертешка категорија, Тајсон Фјури е толку убеден во својата победа над светскиот шампион Владимир Кличко што се обложи на доста пристоен износ на себе. Неговиот чичко и тренер Питер Фјури, раскажа дека Тајсон се обложил кај приватен букмејкер 200.000 фунти за победа над Кличко. Ако Фјури навистина успее да го победи Украинецот, тој може да заработи 400.000 фунти.

Треба да се има во предвид фактот дека за мечот со Кличко, Тајсон ќе заработи меѓу 4 и 5 милиони долари. Затоа поголем залог очигледно не претставува проблем за него. Покрај тоа, дури и да не победи, тоа може да биде добра инвестиција, бидејќи хонорарот за неговата „ромската војна“ зависи од тоа колкав број британски гледачи ќе платат за жива слика од неговата борба со украинскиот шампион. А со слична ПР акција сигурно ќе се зголеми интересот за телевизиското емитување на натпреварот.

https://youtu.be/_KXiXkQloFA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО