Кличко: Сакам да победи Фјури, не знам како е со психата

Поранешниот валдетел во тешка категорија Владимир Кличко изјави дека сака да го види својот поранешен противник Тајсон Фјури како победник против Дионтеј Вајлдер во нивната борба овој викенд во Лас Вегас.

Фјури го шокираше светот, откако во ноември 2015 година го совлада Кличко во Германија.

Но, тогаш тој стана депресивен, дрогиран и надвор од овој спорт повеќе од две години.

Фјури ја продолжи кариерата во 2018 година и дојде до контроверзен нерешен резултат со Вајлдер.

Минатиот месец Фјури го замени долгогодишниот тренер Бен Дејвидсон со Американецот Шугархил Стјуард.

Како прво, она што Кличко го загрижува е психата Фјури.

„Се борев со Фјури и правве спаринг со Вајлдер. Ги познавам и двајцата – и како луѓе и како боксери. Верувам дека Фјури ќе победи на поени или ќе биде нокутиран. Сето тоа зависи од психата на Фјури. Не станува збор за физика.

Ако се сеќавате – тренирав за реванш со него што никогаш не се случи, затоа што тој беше зависник од кокаин и имаше други проблеми. Тој изгледа прилично неконзистентен во дисциплината. Тоа е како коцкање. Фрлате коцки и никогаш не знаете што ќе се случи. Во моментов не знаеме во каква е ментална состојба на Фјури. Сакам да победи – но не знам дали е ментално стабилен.

Како боксер, би рекол дека Фјури е многу непријатен заради неговата големина и начинот на кој се движи. Многу е подвижен за толку голем човек. Многу е подвижен. Вајлдер исто така е различен. Имаат различни стилови на борба, различно минато и ќе бидат различни килограми. Сè е различно. Затоа не можам да кажам чиј стил е подобар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON