Кличко сака да му помогне на Усик во подготовките за борбата со Чисора

Дерек Чисора е познат по своето дивјачко однесување во пресрет на значајните борби.

Така пред поразот од Витали Кличко во мечот за појасот на ВБЦ во 2012 година му удри шлаканица на противникот додека се соочуваа, а кон неговиот брат Владимир исплува вода.

Александар Усик ќе се бори против Чисора во својата втора борба во тешка категорија. Иако победникот на Олимписките игри во 2012 година не делуваше импресивно во дебито во новата тежина против Чез Витерспун, ветува многу подобро издание против поранешниот предизвикувач за титулата.

Мечот требаше да се одржи на крајот на овој месец, но беше одложен поради коронавирусот.

Помош понуди и Владимир Кличко, чија промоција К2 со Мечрум бокс ја водат кариерата на Усик.

„Борбата на Александар со Дерек Чисора ќе одговори на многу прашања. Александр е подготвен за оваа борба. Јас секогаш ќе го поддржувам. Дури работев со него како спаринг партнер. Последен пат спариравме пред неколку месеци”, рече Кличко за Миксспорт.про.

„Дали ќе има спаринг мечеви за борбата со Чисора? Не изгледам баш како Дерек, но секогаш сум подготвен да му помогнам на Александар. Тоа е големо задоволство и ќе го направам тоа бесплатно“.

Усик е задолжителен предизвикувал на ВБО на Ентони Џошуа и со пораз би ја изгубила таа позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО