Кличко: Реваншот со Фјури не е за титулите, туку сакам одмазда

Klicko povredena arkada

Владимир Кличко изјави дека реваншот со Тајсон Фјури за него е повеќе за одмазда отколку да си ги врати титулите.

Украинецот ги загуби појасите на крајот на минатата година, откако речиси една беше на врвот. Требаше да се борат на 9 јули, но Англичанецот го повреди глуждот и средбата беше одложена.

„Сакам одмазда и тоа во неговиот двор. Титулите не се толку важни. Дури сега стана поинтересно, бидејќи имаме и други шампиони. Внесоа енергија во боксот“, се закани Кличко.

Кличко кажа и добри зборови за својот поранешен спаринг партнер, Ентони Џошуа, кој освои еден од поранешните појаси на Украинецот.

„Среќен сум заради него. Еден ден може да се сретнеме со него“, рече 40 годишниот ветеран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON