Кличко призна: Ја имав напишано пораката дека го прифаќам 2.меч со Џошуа, но никогаш не ја пратив!

Поранешниот светски шампион во бокс и долгогодишен владетел на светкиот бокс во тешка категорија, Владимир Кличко, во последното интервју призна дека бил буквално на милиметар по прифаќање на реваншот против Ентони Џошуа. Но, на крајот се откажал и конечно ги закачи ракавиците на клин.

„Го сакам боксот, ги сакам приврзаниците на боксот, тоа е големо искушение, воопшто голем тест во животот. Кличко против Џошу 2 – прифаќам! Се гледаме во рингот“! Тоа беше пораката која Кличко ја стави за социјалните мрежи, но никогаш не ја испрати.

Која е причината?

„Тоа беше најтешката одлука досега“, изјави Кличко во интервју за ИБ тајмс Велика Британија.

„Но, сега сум така среќен. Понекогаш не знаеш како ќе бидеш задоволен со одлуката, но подоцна, по неколку месеци, си свесен дали беше добра или лоша. Сега можам да кажам дека беше добра. Можеби се работеше за нелогична работа во тој момент. Но јас заминав под мои услови. Никако под туѓи. Под мои. Мислам дека по тоа вредноста ми скокна, а не да падне“, објаснува Кличко кој го имаше Џошуа „на јажињата“, но не успеа да ја заврши работата што му се освети во 11 рунда.

Сега му посакува се најдобро …

„Навистина сакам да победува во сите идни битки, што повеќе да победува толку повеќе ќе се цени мојот квалитет. Затоа што ако треба да изгубам, сакам тоа да биде од најдобриот. Само сакам доказ дека е најдобар. Моментално многу добро ја  одработува титулата“, искрен е украинскиот боксер.

„Да можам да го вратам времето назад и да влијаам на одлуката … Да речеме дека сум го нокутирал во шестата рунда и сум ги вратил сите титули, тоа би било одлично за моето его. А тој е голем. Би било убаво. Но, никогаш не можеш да го промениш минатото. Сега сум тука каде што сум и ја искусив и втората шанса. Имав многу успеси во кариерата, но многуо е добро да ја почувствуваш и другата страна на медалот. Понекогаш може да победиш губејќи. За тоа би ја платил којабило цена“.

„Мислам дека Џошуа е роден таа вечер. Таа вечер се препороди, закрепна и успеа да се врати. Тоа беше голем предизвик, тоа беше неговото раѓање. Постои некаков круг во животот. Сум видел како членови на семејството умираат и како други се раѓаат, така што знам што е круг на животот. Мора да се помириш со тоа. И мораш тоа да го поддржуваш, ако е исправно. Тоа и го правам“, зклучува поранешниот шампион во пензија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON