Андерсон Силва повторно падна на допинг тест

Андерсон Силва по втор пат во кариерата е позитивен на допинг тестот.

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија во очи на борбата со Келвин Гастелум на 25 ноември во Шангај е информиран за можните прекршувања на антидопинг регулативите.

УФЦ го повлече од настанот.

42-годишниот Бразилец беше позитивен на тестот и на 26 октомври, а УСАДА привремено го суспендира до разрешување на случајот случајот. Американската промоција бара замена за борбата со Гастелум.

Силва по борбата со Ник Дијаз во јануари 2015 година беше позитивен на тестот на два анаболни стероиди. По едногодишната суспензија загуби од Мајкл Биспинг и Даниел Кормиер, а во последната битка во февруари го совлада Дерек Брансон со судиска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО