Кличко потврди – ќе се бори за титулата, но не знае со кого

klicko-portret

Владимир Кличко официјално потврди дека на крајот на годината ќе се бори за светска титула, но не сакаше да прецизира кого ќе се случи тоа.

Кампот на Украинецот преговараше со светскиот шампион на ИБФ, Енотни Џошуа, за дуел на 10 декември, но мечот пропадна, откако стана јасно дека испразнетата титула во ВБА верзија нема да биде ставена во пресметката.

Кличко не ги крие аспирациите за овој појас, но за него има право да се бори и Австралиецот Лукас Барун. Поради тоа се зборува дека токму Браун ќе биде противник на Владимир за светската титула на ВБА.

Се смета дека двата табора веќе преговараат за финансиската страна на евентуален судир, а се уште се чека и конечното решение на ВБА за овој случат. Нешто што дефинитивно ќе потврди дали ќе има меч со Ентони Џошуа.

Шанси да се сретне со Кличко има и тешкашот Александер Устинов, кој има пораз од Кубрат Пулев.

„Ова ми се случи пред ја загубам титулата и станав предизвикувач, кој се обидува да си врати еден од појасите. Не сум подготвен да кажам што точно ќе се случува, бидејќи договорот не е потпишан. Се надевам дека, сепак, на крајот на годината ќе се борам за титулата и повторно ќе станам светски шампион“, вели Украинецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON