Светскиот шампион во супертешка категорија на верзиите ИБФ, ВБА, ВБО, ИБО и списанието „Ринг Магазин“, Владимир Кличко, најави дека е можно да прифати реванш меч со Александар Поветкин. Украинецот е импресиониран од сегашната форма на рускиот колега, кого го победи пред една година на поени со едногласна одлука на судиите.
„Поветкин последните две борби ги одработи на високо ниво (против Мануел Чар и Карлос Такам) и тој, се разбира, е во моите планови за иднината“, изјави Кличко за новинарите.
Во исто време, тој уште еднаш изрази жалење поради тоа што руските навивачи беа лишени од можноста да го гледаат натпреварот со Кубрат Пулев.
„Моите последни средби не беа пренесувани во Русија, иако таму имам многу фанови и има голем интерес за мечевите“, додаде Кличко .