Кличко почна со спаринг мечеви

Светскиот боксерски шампион во тешка категорија на четири федерации/асоцијации, Украинецот Владимир Кличко, ги почна финалните подготовки за натпреварот против Бугаринот Кубрат Пулев-Кобрата, изјавија од штабот на Кличко.

Wladimir-Klitschko-v-Eddi-001

Во наредните три недели Кличко ќе прави секојдневни спаринг мечеви. Во тренинг камп во Австрија е Украинецот Исмаил Силах, кој во Австрија стигна специјално од Лас Вегас.

Исмаил Силах пред пет години боксирал во Бугарија, а менаџер во тоа време му бил Бугаринот Ивајло Гоцев . Тој треба да ги знае посебностите на Пулев, кои на Kличко би му биле од голема корист. Црномурестиот Исмаил Мухамедович Силах е од мешан брак меѓу студентка по медицина од Украина и нејзин колега од медицинскиот факултет од Сиера Леоне.

Кличко ќе го напушти својот тренинг камп во Австрија на 8 ноември и ќе отпатува за Хамбург, една недела пред 15 ноември, кога е натпреварот со Пулев. Во Хамбург, светскиот шампион ќе има прес-конференција на 10 ноември, а на 12 ноември ќе има отворен тренинг.Сите 16.000 карти за натпреварот Кличко – Пулевсе одамна продадени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON