Владимир Кличко, поранешниот шампион во тешка категорија, вели дека нема да се врати во рингот, иако имаше шпекулации дека е можно неговото враќање.
Имено, се шпекулираше дека големиот шампион би можел да се врати од пензија и да се бори со Дионтеј Вајлдер.
Кличко на на својот Твитер профил објави дека дефинитивно нема да учествува во нови професионални борби.
„Морам да одговорам на шпекулациите за моето можно враќање во рингот – кое не го гледам како опција во блиска иднина. Освен ако нема борба со некој актер“, рече Кличко, алаудирајќи на Саша Барон Коен.
To address any rumors about my possible comeback to the ring: I do not see it happening for the time being (unless it’s against @sachabaroncohen who I have a beef with))). Currently I’m focusing on spreading the word of #FACEtheCHALLENGE method and taking care of my ventures. pic.twitter.com/VSfX21NIUf
— Klitschko (@Klitschko) November 9, 2018
.