Поранешниот светски првак, Владимир Кличко, зборуваше за еден друг фетиш пред неговите мечеви.
На прашање од германскиот магазин „Шпигел“, дали спортистите треба да имаат секс пред натпревар, украинскиот боксер даде позитивен одговор.
„Нормално дека сум за секс пред натпревар. Дури и кога тоа е важен дуел. Во многу случаи тоа може да се покаже како корисно за спортисите“, изјави Кличко.
Дали би можело сето тоа да штети?
„Нормално дека на одредени спортисти би можело да им штети, но лично на мене не ми претставува проблем, напротив – ми делува добро“, додаде Кличко.