Борачите се аклиматизираа во Тетевен и Белмекен во Бугарија

Borenje reprezentacija vo Belmeken jan 2016

Македонските репрезентативци во борење ја почнаа втората фаза од подготовките за  олимписки квалификациони турнири за Олимписките игри во Рио 2016.

borenje reprezentacija Bugarija jan 2016

Тие веќе се аклиматизираа во бугарскиот спортски центар Тетевен, каде што има борачи од Молдавија, Чиле, Косово, Бугарија, а од понеделник ќе им се приклучат и борачите од Кина, Канада, Словачка и Италија.

borenje rep bugraija jan 2016

Дејан Митров, Јасин Реџелари, Елмедин Сејфулаху, Иван Јанев и Менка Стојановска под раководство на селекторот Лулзим Вренези и координаторот Страшо Глигоров ќе останат таму до почетокот на силниот Меѓународен турнир „Дан Колов и Никола Петров“од 29-31 јануари, а потоа ќе настапат и на „Јашар Догу“ во Турција од 4-6 февруари. Натурализираните борачи Лабазан Аскербиев и Могомедгаџи Нуров од пред неколку дена се во спортскиот центар „Белмекен“, исто така во Бугарија, заедно со полскиот и романскиот национален тим каде што ќе останат до 28 јануари.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО