Кличко: Историјата се повторува

Поранешниот владетел во боксот во тешка категорија Владимир Кличко го изрази своето мислење за вчерашната битка меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз во која Британецот го претрпе првиот пораз во својата професионална кариера. Да потсетиме дека Украинецот стави крај на неговата славна кариера по поразот од Џошуа.

Како што е познато, Руиз победи со технички нокаут и освои четири титули кои ги поседуваше британската ѕвезда.

„Шампионите на лично, корпоративно или државно ниво поминаа низ порази и станаа уште посилни. Историјата се повторува, а поразот го зајакнува карактерот. Честитки за новиот, прв мексиканско-американски светски шампион во тешка категорија Енди Руиз“, напиша Кличко на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО