Кличко и „К2“ го тужат Пулев

pulev-klitschko-fists

Кубрат Пулев на прес-конференција во Софија изјави дека Владимир Кличко и неговата компанија „К2“ го тужат. Причината за тоа се постојаните обвинувања на Кобрата дека украинската легенда се допингува, пренесува весникот „24 часа“.

 „Не знам дали Кличко зема допинг, но неговите постапки, постојаното одбивање да дава примероци, ме тераат да размислувам и за такво нешто. А, нормално е секој да го помисли тоа. Во моментов, додека Кличко и К2 ме тужат за моите зборови…, за тоа што сум рекол дека можеби зема допинг“, открива Пулев .

„Таков сум јас, зборувам за работите кои не можам да ги премолчам. Во случајов, имам право. Ме сосекоа со проверки  во текот моите подготовки. По секое доаѓање во Бугарија веднаш ме проверуваа. Доаѓам во Бугарија, уште не поминал и 1 час, ме наоѓаат за да ме проверувааt. Се враќам во Берлин, веднаш ми ѕвони телефонот. Уште не стигнат на аеродромот, ми велат: „Г -дин Пулев, проверка“.

Така беше со мене, а него, никој не го пипнал. Покажав дека сум чист. Се ми е чисто. Кај мене работите беа според правилата. Сите мои барања и молби останаа глас во пустина. Но, вината за поразот е моја, не се оправдувам“, коментира Пулев.

„Сум немал право да зборувам на оваа тема за допингот. Така ми велеа од К2. Пред натпреварот доаѓаа негови адвокати, ме притискаа за тоа. Мислеа дека ќе размислувам на таа тема и ќе се деконцентрирам, но тоа не беше проблем за мене. Да, ќе има тужба. Нека ме тужат. Јас сум таков – сакам да ги кажувам работите какви што се. Сметам дека нема за што да ме тужи, но нека ме тужи штом одлучил така“, рече Пулев, кој не е загрижен од намерите на Владимир Кличко и неговата компанија да го тужат.

„Кај Кличко е така – дава примероци само по натпреварите“, појасни Кристијан Маер од „Зауерланд“, кој учествуваше на прес-коференцијата на Пулев во Софија. На неа беше и братот на Кобрата – Тервел.

„К2 ги дефинираат работите, такви се законите, така е запишано. Тие победија на тендерот за организирање на натпревари и тие ги дефинираат работите“, појасни Кубрат Пулев .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON