Бернд Бонте, менаџерот на поранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, го соопшти новиот датум на реванш мечот на украинскиот боксер со Тајсон Фјури. Судирот ќе се одржи на 29 октомври во Манчестер, Англија, јави World Boxing News.
Првично борбата требаше да биде на 9 јули, но беше одложена поради повреда на британскиот боксер. Фјури го победи Кличко на поени со едногласна одлука на судиите минатата година во Германија и му одзеде на Украинецот три шампионски титули.
Потоа ИБФ го лиши Фјури од нивниот појас и од таа причина тој не може да озваничи одбрана на титулата.