Шели Финк, советник на светскиот шампион во бокс за професионалци во тешка категорија на четири федерации, Владимир Кличко, соопшти дека натпреварот помеѓу Украинецот Владимир Кличко и Британецот Тајсон Фјури најверојатно ќе се одржи во Велика Британија.
Според зборовите на Финк, како на можна опција се смета на стадионот „Вембли“ во Лондон, исто така и Манчестер. Предходно организаторите на мечот соопштија дека сакаат тој да се одржи на арена со капацитет не помалку од 60.000 гледачи.