Кличко го поздрави Флојд, Мек Грегор го потсети на филмот „Боречки клуб“

Владимир Кличко го спореди Конор Мек Грегор со херои од филмот „Боречки клуб“, додека суперѕвездата на УФЦ се подготвува за средбата со бокс легенда Флојд Мејведер.

Мек Гргеор го донесе својот искрен, провокативен стил во загреваењето на борбата, при што Ирецот постојано ја покажуваше вербата дека ќе биде првиот човек кој ќе го победи Мејведер.

Тој тврди дека ќе го нокаутира Американецот во почетните рунди, додека легендата што се враќа ќе рече дека ќе го додаде Ирецот во неговиот скор на победи.

А Кличко, кој неодамна објави дека се повлекува од светот на боксот по поразот во април од Ентони Џошуа, вели дека големите приказни на Ирецот наскоро по борбата ќе бидат заборавени и луѓето ќе го прифатат како филмски херој, отколку како боксер.

„Следната година ќе заборавиме околу 90 отсто од повеќето работи кои си ги рекоа. Но имиџот ќе остане засекогаш во твојата глава. Имиџот на Мек Грегор зборува сам за себе. Мислам дека тој е доста диво момче. Ме потсетува на момците во филмот „Боречки клуб“ со Бред Пит“, Вели Кличко.

Поранешниот шампион во тешка категорија дава поголема почит на Мејведер, за кого верува дека ќе биде запаметен како боксерска легенда, без разлика што ќе се случи во мечот со Мек Грегор.

„Без разлика дали ви се допаѓа или не, треба да го почитувате. Се што постигна Флојд на боксерскиот ринг, покажува колку е тоја квалитетно спортист. Тој е боксер кој го заслужува своето место во историјата, без сомнение ќе биде во „Куќата на славните“, додаде Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON