12-годишната Момо повторно ќе се бори со постара жена овој викенд

Истата вечер (на 26 август) кога се среќаваат Мејведер и Мек Грегор има уште една борба за која можеби не сте слушнале. 12-годшиното девојка Момо Шимизу ќе стапне во рингот за да се соочи со 39-годишната Томоми Соуда на Дип Џуелс 17.

Ако не сте запознаени со нејзината историја, најверојатно ќе поминете низ истиот шок низ кој поминаа луѓето на почетокот на оваа година. Како се дозволува ова? А нејзините родители? Кој промотор ќе го стори тоа?

Тоа се случи во мај, кога малата Момо предизвика големи контроверзи, кога се сретна со 24 години старата противничка на Дип Џуелс 16. Некои луѓе беа крајно револтирани, а други се уште не беа задоволни, кога разбраа дека Момо ќе се натпреварува со комплетен безбедносен сет на атрибути (шлем и големи ракавици). На крај, Момо ја победи својота два пати постара противничка. Не само што ја победи Момоко Јамазаки (да не ја мешате со Момо), туку цврсто ја задави.

„Момо тренира ММА шест пати неделно, барем три часа на ден, откако тргна во градинка. Момо веќе има над 100 џиу џицу, кикбокс и карате средби, затоа има многу повеќе искуство во боречките спортови, отколку нејзината претстојна противничка г-ѓа Момоко Јамазаки. На 20 мај сите ние цврсто веруваме дека Момо ќе ја победи Јамазаки. Мислам дека тоа ќе биде јавно понижување за Јамазаки“, изјави менаџерот на Момо Шу Хирата пред нејзината последна битка.

Значи, ако сте еден од луѓето кои сте разочарани и уморни од сите овие глупоси на Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер, ако не сакате да платите 100 долари за да го видите ова шоу, тогаш имате и други опции. Секогаш можете да играте на Дип Џуелс за да видите дали Момо може да ги победи постарите борци од неа.

https://youtu.be/EZRijcOkt58

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО