Кличко гласа во Минхен

Светскиот шампион, Владимир Кличко, привремено го напушти тренинг кампот во Гоинг, Австрија, за да гласа. Како човек со јасна политичка позиција вчера тој отпатува за Минхен, за да изврши своето граѓанско право да гласа на предвремените парламентарни избори во Украина.

Vlladimir iklicko galasa

Кличко своето гласачко ливче го пушти во кутијата во баварската престолнина на Дипломатско-конзуларното претставништво на Украина. Која партија ја поддржал тоа е јавна тајна, бидејќи неговиот брат, Виталиј Кличко, е лидер на движењето „Удар“, а од неодамна стана градоначалник на Киев. Тој ја предводи листата на „Блокот на Петро Порошенко“.

Според прелиминарните резултати партијата на украинскиот претседател е прва со 23 % од гласовите, потоа следи Народниот фронт на премиерот Арсениј Јаценјук со 21,3 %. На трето место е националистичката партија „Самопомош“ на градоначалникот на западниот град Лавов, Андриј Садов. Освен нив, границата од 5 отсто влез во Врховната рада ја надминуваат основната проруска формација Опозоционен блок на Јуриј Бојко, радикалната партија на ексцентричниот популист Олег Лјашко, партијата „Баткившчина“ на поранешната прозападна премиереркиа Јулија Тимошенко и националистичката партија “Слобода“ на Олег Тјагнибок .

Овие резултати се очекувани. Тие и даваат на владеачките прозападни политичари силен мандат да ги доближат Украина со ЕУ и САД; да одржат продемократски реформи и да го исполнат планот на Порошенко за прекин на конфликтот со проруските сепаратисти во југоисточниот дел на земјата, забележуваат агенциите.Во исто, време тие може уште повеќе да ги затегнат односите на Украина со Русија . Владимир Кличко за натпреварот со Кубрат Пулев на 15 ноември во Хамбург тренира во алпското село Гоинг. Бугаринот, пак, се подготвува за мегаспектаклот со спаринг партнер во Берлин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON