Кличко ем ги тепа противниците ем руши рекорди!

Владимир Кличко веќе подолго време доминира во светскиот бокс, неодолив за противниците во рингот кои ги нокаутираше во борба за светските титули, што придонесе да стигне до позиција да се мери со најголемата легенда во боксерскиот спорт као Џо Луис или Лери Холмс. За да добијат дел од боксерскиот колач, многу боксери бараат средба со него, а, пак, Американците трпат загуби, зашто одамна немаат боксер во најпрестижната титула кој ќе ги врати титулите во САД. Надежта ја гледаат во Брајант Џенингс.

Во борбата против Американецот, Брајант Џенингс, на 25 април во Њујорк, Кличко ќе се изедначи со рекордот на Луис од по одбрана на титулата во тешка категорија.

Доколку успее да го победи девет години помладиот противник ќе му недостасува уште една одбрана на титулите за да се изедначи и со Лери Холмс.

Колку долго сум шампион, колку многу титули имам освоено. Не сакам да се споредувам со никого. Тие се уште се мои идоли. Тие се икони, изјави Кличко во пресрет на борбата против соперникот кој е шет години професионален боксер и се уште не знае за пораз, а досега има забележано 19 победи, – изјави деновиве Кличко.

Но, ова се многу мали резултати во споредба со успесите на Кличко, кој во досегашната кариера има 66 борби, 63 победи, а три завршија нерешено.

Кличко, кој има 39 – години се уште не е подготвен да замине во пензија.

Во едно од интервујата рече:„Додека сум здрав и мотивиран ќе се борам. Не се чуватвувам стар, лош и спор. Има ли нешто подобро од тоа да си најдобар боксер во светот и да заработуваш пртетепувајќи луѓе“..
Противникот на Кличко не сака да биде уште еден во низата боксери против кого Украинецот ја одбранил титулата.

Џенингс вели дека младоста и брзината се неговата предност. Верува во својата способност дека може да го победи Кличко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON