Алексовски и Петковски: Некој ја виде нашата работа од надвор!

 

Petkovski i Aleskovski so nagradite vo Minhen

По добивањето на наградите „Меѓународен инструктор на годината“ на манифестацијата „Минхен сала на честта 2015“ и „Животна посветеност 30 + години“, Ивица Алексовски и Зоран Петковски, првите впечатоци ги споделија со ipon.mk. 

Ivica so prizanieto vo MinhenЛани добив награда за „Меѓународен амбасадор на спортот“. На годинашниов настан се доделуваа повеќе награди. Конкретно, за годинашнава награда, може да кажам дека комисијата, која е составена од реномирани имиња во боречките спортови, ја следела мојата работа изминатава година по неколку основи: Кој си? Што работиш? Дали го развиваш спортот?. Со БЏЏ екипата направивме многу победи, а бевме и екипно најдобри. Минатата година одржав 20 семинари во различни градови и во повеќе вештини, како бразилско џиу џицу (БЏЏ), ММА и џит кун до и во самоодбрана. Одржав семинари со специјалните единци на АРМ и МВР, потоа во основни и сртедни училишта, со агенции за обезбедување; презентација на боречките вештини во медиумите; меѓународна соработка со клубови, организации и организација на турнири, – ги посочи Ивица Алексовски критериумите за изборот на Комисијата за „Меѓународен инструктор на годината“, кои повеќето потекнуваат во Европа, а 30 отсто се од САД, Канада и некои други земји.

Ivica i nekoj vo Minhen

Алексовски вели дека му значи оваа награда, пред се, затоа што се нашол некој од надвор да го согледа тоа што го работи, а дома никој не се нашол да го види истото.

За самиот настан ќе рече:„Една гламурозна приредба, каде што имаше гранд-мастери, многу луѓе од филмскатаIvica i Sintija Rotrok vo MInhen индустрија и други значајни личности. Луѓе што придонеле за развојот на боречките вештини. директори на банки, филмски работници, актери… Сите успешни луѓе на едно место, без двојба. Ако порано ја гледав Синтија Ротрок на филмови, сега бев до неа, на исто рамниште“.

Покрај Ротрок, наведува Алексовски, таму биле уште Самуел Квок – гранд-мастер по винг чун, ТВ ѕвезди како Зара Питудин-светски шампион во теквондо и познат актер во Велика Британија, потоа Ема Елмс – каратист и актер, Енџи Комбах – кикбоксер и продуцент, актерот Силвио Симак, гранд- мастерот по карате и самоодбрана Грегор Хус.

Од друга страна, биле заинтересирани да ги видат квалитетите на нашите мајстори и во нивните средини, при што имало и конкретни понуди за одржување семинари.

На самиот настан имало повеќе шоу изведби од различни боречки вештини.

Ја поканивме Синтија Ротрок да дојде во Македонија, и ја очекуваме нејзината потврда. Таа ни кажа дека никогаш не била во нашата земја и дека многу сака да ја запознае, – вели Ивица, но за претстојниот БЏЏ турнир во Скопје нема можност некој да дојде од овие гости. Но, ќе има други мајстори на оваа вештина.

Деновиве во Обединетите арапски емирати ќе се одржи Светското првенство за професионалци во БЏЏ, каде што нема наши натпреварувачи. Бидејќи оваа вештина и спорт е во експанзија во Македонија, го прашавме Алексовски кога ќе видиме македонски натпреварувачи на ова престижно натпреварување.

Правиме напори тој турнир да го донесеме и во Македонија. Влегуваме во една здрава организација каде што се е платено. Ќе имаме можност да ги прикажеме нашите кавлитети и да го промовираме БЏЏ, – потенцира Алексовски.

Ivica i Zoran vo Minhen

Зоран Петковски доби исклучително признание за „Животна посветеност 30 + години“ како тренер за џит кун до и кик бокс.

Можам да кажам дека моето занимавање со боречките вештини не било за постигнување на одредени спортски резултати или успех. Целта ми беше совладување и активно надградување на боречките вештини, и тоа го открив на 17 години. Таа потреба и желба тлее во мене до ден-денес, и го правам тоа без прекин. Боречките вештини се нешто повеќе од спортските борби и медалите. Поголем дел од животот поминав во развој на вештините и бев еден од прмоторите на на џит кун до-то и на кикбоксот во Македонија, – раскажува Петковски со многу емоции по добивањето на наградата, при што се забележува неговата возбуда од сето она што го доживеал во Минхен, бидејќи многу години наназад имаше трнлив пат во основположничките активности во македонскиот спорт.

Zoki so Ema Elmes, Zara Pitian, Agata Dauding i Gregor Hus

Тој наведува дека освоил шест државни титули во кик бокс, европско сребро, дека бил тренер на многу млади луѓе и борци кои ги подготвил да постигнат врвни светски резултати.

Во одреден момент државата реши да ни го одземе правото за застапување на спортот (мисли на кикбоксот) во 1999Zoki so nagradata  година, и потоа сосема се повлеков од директното учество во кикбоксот. Но, и понатаму непрекинато ја проучував и развивав џит кун до вештината и обучував многу борци во кикбоксот, за нивен успех и напредок, нешто што го правам и денес. И покрај тоа, за 35 години работа не се најде никој во Македонија да го одбележи тоа. Многу ми е драго што некој ја согледал мојата работа и моите успеси, како оваа Меѓународна организација. Затоа многу ми е драго и многу ми значи ова призание. Оваа година четворица луѓе од светот ја добија оваа награда и тоа се сами мајстори на боречките вештини, а еден од нив бев и јас,- констатира Петковски и додадава дека дружењето со големите ѕвезди било едноставно, немало суетност од нивна страна, а со многу од мајсторите се разменети и практични искуства.

Zoki i Sintija RokПетковски откако дошол дома станал свесен во какво друшто бил во Минхен, бидејќи просурфал по интернет и дознал кои се и што се тие личности од настанот.

Едно од прашањата кое се поставувало меѓу присутните на настанот било како може така да изгледа Синтија Ротрок на 56 години?! Заклучокот бил едноставен – тоа е поради вежбањето на боречите вештини.

Алекосвски и Петковски изразуваат голема благодарност до нашинецот Сенат Адеми од Гостивар кој живее во Минхен, затоа што им пружил големо гостопримство. Ги третирал како најблиски роднини. За целиот престој биле негови лични гости, а тој, како добар домаќин, не дозволил да им фали нешто.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО