Британскиот боксер Тајсон Фјури, кој е без пораз во досегашната кариера, ќе се сретне со Владимир Кличко на 24 октомври во Дизелдорф.
За Украинецот, кој е шампион во категориите ВБА, ВБО и ИБФ, ова ќе биде рекорден 28 пат да влезе во рингот во борба за шампионските титули, додека 19 пат да ги брани во неговото второ „владеење“. Кличко нема загубено борба веќе 11 години, а овој пат поради големиот интерес се очекува да боксираат на фудбалски стадион.
– Вива Германија, јас доаѓам во октомври да ја здрмам вашата земја, бидете таму инаку ќе ја пропуштите најдобрата битка во супертешка категорија во историјата,- напиша Британецот на својот Твитер профил, за во одделен пост да порача дека „нема да се ус*ре и ќе го нокаутира супер-шампионот“.