Светскиот шампион во супертешка категорија во верзиите на ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко, доби награда од Меѓународната федерација во бокс за најмногу одбрани на шампионската титула во 2014 година.
Во минатата година Владимир два пати успешно ја одбрани шампионската титула на ИБФ, прво го нокаутира Алексеј Леапај во петата рунда, а потоа и бугарската ѕвезда во Кубрат Пулев.
По две успешни одбрани во 2014 -та имаа уште тројца шампиони на ИБФ – Евгениј Градович, Ламонт Петерсон и Амнат Руенроенг, кои добија почесни награди од Федерацијата.