Светскиот шампион во тешка категорија, Владимир Кличко, призна дека го чека тежок меч против поранешниот европски шампион, Тајсон Фјури.
„Знам како да се справам со него и дефинитивно нема да ми е досадно за време на средбата. Мислам дека ова ќе биде една од најтешките битки во мојата кариера. Противникот е повисок, потежок и има подолги раце од моите. Освен тоа, тој е помлад од мене и е многу амбициозен во тоа да се докаже како најдобар и да стане шампион.
Дефинитивно ќе биде интересно за гледачите. Мислам дека луѓето во публиката нема да се проѕеваат“.
Средбата е на 28 ноември во Дизелдорф, Германија.