Клариса Шилдс ќе дебитира во ММА на 10 јуни

Боксерската суперѕвезда Клариса Шилдс ќе дебитира во ММА на 10 јуни. Американката ќе учествува на ПФЛ настан, а треба да биде објавено и името на нејзината противничка.

ММА настанот ќе се одржи во Атлантик Сити. Шилдс потпиша со организацијата во ноември минатата година.

Двократната олимписка шампионка изјави дека паралелно ќе продолжи да руши рекорди во боксот.

Ова стана факт кога последен пат ги навлече ракавиците и ги обедини сите појаси во втора тежинска категорија. Таа во моментов е апсолутен светски шампион во средна и во супер средна категорија.

Неодамна, Шилдс се пожали на двојните аршини при одржување гала вечерите за мажи и жени. Нејзините изјави и обвинувања за сексизам одекнаа многу.

ПФЛ објави дека на гала вечерта ќе има турнир за титулите во лесна категорија и „перо“.

Се очекуваат детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО