КК Партизан-Кочани: 43 години генерациско карате единство!

KK Partizan generaciski sobir na Dabo

Драги се моментите кога не едно место ќе се соберат повеќе генерации и притоа ќе се евоцираат спомени за успесите и минатите времиња. Секако во 43 години има многу случки и реултати што заслужуваат внимание. Овој викенд каратистите на КК Партизан од Кочани се собраа во близина на Кочани кај местото викано „Кај дабот“, односно манастирот „Свети Илија“ над селото Бели, кое е посебна туристичка атракција.

Собирот беше предводен од сегашните тренери Јорданчо Петров и Оливер Коцев, кој годинава на клубот му донесоа балканска титула за деца од Херцег Нови, каде што нивниот пулен Ѓорги Петров во состав на македонската репрезентација блесна со сиот свој талент. Од поновите генерации се истакнуваат Мартин Стојменов, кој е носител на бронзен медал од Европското првенство за кадети и јуниори, како и Димитар Јакимов, кој беше во состав на кадетско-јуниорска репрезентација на ЕП.

Тоа е сегашноста, која има уште многу таленти, но Блаже Георгиев, кој и ден-денес активно тренира, е од голема помош со својата лекарска стручност на клубот, потоа Иван Симеонов, покажувајќи се и во забавувачко светло; поранешниот сениорски репрезентативец Ване Соколовски; учесникот на првото Европско првенство за кадети и јуниори 1993 година во Кардиф, Велс, Раман Бајрамов; еден од најзначајните претседатели на КК Партизан, Илија Арсовски, кога клубот совладуваше  се по ред во Македонија; секогаш задолжен за забележување на значајните моменти Миливој Јованчевски, и други, кои беа дел од успесите на клубот како Ѕвонко-Циле, Глигорчо Мишов, Александар Стојанов, Благојчо -Багата, Гоше, Ѓорги, Коле итн…

Собирот кој се организира по втор пат е поттик за помладите да тренираат карате и да го сакаат овој спорт, но и помош на клубот.

Недостасуваше креаторот на најголемите успеси на КК Партизан, Ванчо Димитровски, кој работи и живее во Канада. Но, начално падна договор во 2017 година да се одбележат 45 години од постоењето на клубот, при што присуството на Димитровски ќе биде задолжително. Исто така и Ангел Ѓоргиев мора да биде на тој собир, како носител на бронзениот медал од Европското првенство во  Кардиф 1993 година, прв во независна Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON