Каратистите Кочани денес во Скопје на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ освоија пет медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени, а Наталија Карова е прогласена за најдобра каратистка.
Медалите ги освоија:
Наталија Карова (2006,-40 кг) – златен медал
Илија Охомуш (2006, -47 кг) и Сандра Настеска (-35 кг) – сребрени
Драгана Нисева (кадети, -54 кг) и Љубомир Давитков (јуниори, -76 кг) – бронзени