На Меѓународниот турнирот „Иппон 2015“ во Приштина, Косово, кој се одржа по 12-ти пат, КК Фати освои три златни медали. Успехот е уште поголем затоа што Фати учествуваше само со шест натпреварувачи. Државниот јуниорски првак на Македонија во категоријата -76 кг, Доан Османи, победи во три борби и заслужено го освои златниот медал. Медали освоија и Дагин Фејзули 12-13 год -55 кг, при што во четири борби извојува исто толку победи, а неговиот помлад брат, Армин Фејзули, во категорија 10-11 год. -34 кг, итсо така го освои златниот медал.
Со сребрен медал се закити Бујар Зибери 10-11 год -45 кг, Вјолца Гафури и Лазам Зејнули се задоволија со бронзени медали.
„Како тренер сум задоволен, иако бевме уморни, бидејќи овој викенд беше исполнет со турнири, но кога се сака се се постигнува. Се е во интерес на децата и резултатите кои ги постигнуваат“, – изјави тренерот на КК Фати, Арлин Хусеини.
КК Фати во сабота учествуваше и на „Гази Баба опен 2015“ во Скопје со помладите категории и освои три бронзени медали во борби.
Идниот викенд КК Фати ќе патува за „Улцин опен 2015“ во Црна Гора, а ќе учествува со помладите кадети во борби.
ipon.mk/В.Д.