АктуелноДомашна сценаКарате
КК Автокомнда се грижи за своите членови и на ментален и на едукативен план

Карате клуб Автокоманда во континуитет се грижи за своите членови – не само на спортски, туку и на ментален и едукативен план. Токму затоа со гордост сме дел од проектот „Карате фор ментал хеалт“, кој преку спортот го унапредува психолошкото здравје и благосостојба.

Изминативе денови Автокоманда беше домаќини на гости од Хрватска, со кои имаа конструктивни средби и дискусии за значењето на карате спортот како алатка за подобрување на менталниот склоп.

Проектот е финансиран од Европската агенција за образование и култура (ЕАЦЕА) во рамки на Еразмус-спорт 2024.

КК Автокоманда соработува со партнерите од Карате центар Шенковец и Карате тим Света Неделја од Хрватска.




