На Карате клубот Астибо од Штип му тргна на „Врање опен 2016“ во Србија минатиот викенд и направи растур, освојувајќи грст медали.
Така, ката тимотвите 2006, 2004 и 2005) ги освоија првите места (2006-Давид Николов, Тамра Ристовска и Сара Сарафимова; 2004 – Кристина Спасовска, Ангела Ристовска и Анастасија Петрушева и 2005 – Леона Митева, Ангела Ристовска и Анастасија Петрушева)
Во поединечна конкуренција во кати златни медали освоија: Ана Марија -2006, Кристина Спасовска-2005, Антонела Стојанова-2004; сребрата и припаднаа на Давид Николов-2006 и Сара Сарафимова.
Во борби екипно 98 година и постари екипата на КК Астибо беше второпласирана (Иван Дурдубаков, Наум Јованов и Роберт Гошев).
Наум Јованов во поединечна конкуренција во борби 2000/1999 се закити со златниот медал, а Роберт Гошев со сребрениот, додека Александар Димитров е прв 2002/2003, како и Иван Дурдубаков во категоријата за родени 1998 и постaри.
Ipon.mk/В. Д.