Ќе има ли меч меѓу Усик и Фјури? Конечната одлука е денеска (ВИДЕО)

Тајсон Фјури, Aлександaр Усик и сите љубители на боксот денеска ќе дознаат дали ќе има мега судир за апсолутна светска титула во тешка категорија. Ова го откри промоторот на Украинецот Aлександaр Красјук во специјално интервју за Јутјуб каналот Спорт џангл.

„Кога станува збор за такви преговори, би рекол дека сме многу блиску до изнаоѓање решенија“, рече Красјук и додаде: „Ова интервју ќе биде објавено многу наскоро. Што ќе ви кажам сега – сабота е крајниот рок што го поставивме. Рокот до кој треба да одлучиме. Во сабота ќе знаеме дали овој меч ќе се случи или не. Местото кое веќе го резервиравме е стадионот Вембли. Очекуваме 94-95.000 до 100.000 гледачи“.

Кој е најголемиот спор во преговорите Фјури-Усик? По што се разликува украинската ѕвезда од другите боксери? Како ќе го победи Тајсон Фјури? Одговорите на овие и уште многу прашања во целосното интервју со Александар Красјук за каналот „Спортска џунгла“ на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО