Артур Кишенко продолжува со доминантни настапи под покровителство на Кунлун фајт.
30-годишниот Украинец на Кунлун фајт 60 во Гуизхо во втората рунда со ножен удар го нокаутира Белгијанецот Захариј Бејтар. Борбата се одржа во тежина до 80 килограми.
Кишенко последен пат загуби на Глори во Загреб во март 2014 година од Карапет Карапетјан.
Во првиот меч по поразот од Џорџо Петросјан и губење В/W 5 појасот, Артем Пашпорин гоосвои квалификацискиот турнир во категоријата до 70 килограми победувајќи го со прекин Јапонецот Јуичиро Нагашимa во втората рунда и со победата на поени во финалето против Јомтонг Чуватанa од Тајланд.
Поранешниот шампион Кунлун, Џианис Зуев го освои вториот квалификацискиот турнир нокаут во првата рунда против Артхит Ханчан и Лиу Леи.
https://www.facebook.com/fightstadium/videos/809535115872095/
https://youtu.be/QTLHH42EPwI
https://youtu.be/Gnk_BfcfCIc
.