Во неделава што помина во Казабланка заврши 39. Светско првенства во самбо.
Како и во претходните 37 натпреварувања доминираа Русите. Само Грузијците во 1997 година на домашен терен успеаја да освојатнајмногу златни медали.
Кирил Сиделников ја освои петтата титула на светски шампион во самбо комбат во категоријата над 100 килограми. „Бејби Федор“ во четвртфиналето го елиминираше Хрватот Јосип Матковиќ, во полуфиналето на долгогодишниот ривал Бугаринот Мартин Маринков.
Во финалето потешко го победи отколку што тоа го покажува резултатот Кореецот Сангсо Ли. Иако Сиделников победи со 7-1, едвај го дочека крајот на мечот во кој и се повреди.
Уште еден познат ММА борец освои златен медал. Поранешниот М-1 шампион, Вјачеслав Василевски, победи во самбо комбат во категоријата до 90 килограми со брз прекин, поради бодовната разлика со Бугаринот Маријан Димитров.
Самбо комбат – 90 кг
- Василевски Вјачеслав (Русија)
- Димитров Маријан (Бугарија)
- Аматов Занјбек (КГЗ)
- Либе Себастијан (ФРА)
Самбо комбат + 100 кг
- Сиделников Кирил (Русија)
- Сангсо Ли (КОР)
- Поберзец Димитри (УКР)
- Маринков Мартин (Бугарија)
https://youtu.be/8JTfvPtIm9A
https://youtu.be/t4_9Wt-dsWY