Кинг Мо: Нема да биде лесно Кро Кап да се собори во рингот

king-mo

Мухамед Лоуел на MMA Џанки радиото зборуваше за борбата со Кро Кап во четвртфиналето на Ризин Гран при на 29 декември.

 „Кинг Мо“ го замени Вондерлеј Силва со одобрение на самиот „Aксе мардер“.

35-годишниот Американец во саботата во Даблин го победи Сатоши Иши, но ако дојде до финалето за Големата награда тоа ќе му биде четвртиот меч во две недели.

„Не ми е гајле. Јас сум борец од стар ков. Го прашав Вондерлеј за дозвола да го заменам, тој ми рече: „Само напред. Добро сум, немам повреди, зошто да не“.

„Го прашав Вондерлеј затоа што го почитувам. Ги почитувам сите борци кои се почитуваат себе си. Ги почитувам борците кои работат напорно, се борат и повредени и се грижат за своето семејство, ја негуваат славата и цело време гребат. Дури и ако не ми се допаѓа како личност ги почитувам . Постојат голем број на оние кои не ги почитувам, кои се сликаат“.

„Само пред неколку дена дознав да се борам со него. Имаше можност противник да ми биде и Амир Алиакбари. Иако има само три победи, тој е ѕвер. Поранешниот светски шампион во борење, доаѓа од АКА во Тајланд, но ми беше се едно кој ќе ми биде противник“.

Сите очекуваат Лоуел што побрзо да го урне Кро Кап.

„Кро Кап, нема да биде лесно да се урне во рингот. Многу полесно е некого да го собориш во кафез отколку во рингот. Велат дека треба да внимавам на неговиот лев хај кик во телото или во главата, но можам да го неутрализирам тоа. Имам подолго растојание на рацете. Може да користам преден директ или да го напаѓам телото. Морам да го држам во неизвесност што следува потоа. Ме прашуваат дали сакаш да работиш борба во стој со него? Сакаш ли да стоиш со него“?

Интервјуто на Лоуел почнува на 1:52:45

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО