Кинезот Шуаи Жао и Корејката Ким Со-Хуи се првите олимписки шампиони во таеквондо во Рио.
Жао успеа да го победи 18-годишниот Тајланѓанец Тавин Ханпраб во категоријата до 58 килограми за прво злато за Кина во дисциплината. Жао (21 г.) победата ја обезбеди во хаотичната трета рунда во која стигна до двоен поен на стартот.
Во категоријата до 49 килограми, 22-годишната Со-Хуи ја победи Србинката Тијана Богдановиќ со одличен старт во кој направи предност од 2 поени разлика. За двократната светска шампионка ова е прв олимписки медал, но 11 во историјата на Јужна Кореја. Сепак, овој меч заврши контроверзно, зашто Србите се жалеа на судењето.
Мажи – 58 кг
1.Шуаи Жао (Кин)
2.Тавин Ханпраб (Тај)
3.Таехун Ким (Кор)
3.Луизито Пие (Дом)
Жени – 49 кг
1.Сохуи Ким (Кор)
2.Тијана Богдановиќ (Срб)
3.Панипак Вонгпатанакит (Тај)
3.Патимат Абакарова (Азе)