Кимбо Слајс имал потреба од трансплатација на срцeто

Kimbo sedi

Светот на мешаните боречки вештини претрпе нова загуба со смртта на Кимбо Слајс, кој почина во понеделникот вечерта. Имаше само 42 години, како причина за неговата смрт се наведени проблемите со срцето.

Слајс беше примен во „Northwest Medical Center“ на 3 јуни, жалејќи се на силна болка во пределот на стомакот, недостаток на воздух и гадење. Потоа било откриено дека тој страда уште од дебелината на црниот дроб и од проблеми со срцето, Слајс бил поставен на апаратите за вештачко дишење и под надзор во интензивна нега, се наведува во болнички извештај.

Откако здравјето на Кимбо уште повеќе се влошило, неговото семејство било запознато дека тој ќе има потреба и од трансплантација на срце.

Кимбо Слајс почина во 19:30 часот по локално време во понеделникот вечерта, додека лекарите планираа да го пренесат во Кливленд, каде што требало да биде ставен во лисата на чекање за трансплантација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО